Мик Шумахер објави семејна фотографија, сите се тука само главниот го нема!

Формула 1 пилотот Мик Шумахер, по повод Божик објави семејна фотографија пред елка, а фановите со тага забележуваат дека на фотографијата го нема неговиот татко Михаел, кој веројатно е во вегетативна состојба од несреќата која ја имаше на скијање во 2013 година кога ја повреди главата.

Мик и сестра му Џина Марија се насмеани, а мајката Корина е нешто посериозна. Тука е и нивното куче, само Михаел го нема.

Не е позната точната состојба на седумкратниот Ф1 шампион, но јасно е дека не може да се слика како останатите членови на семејството. Мик си ја смени и профилната слика на Инстаграм, стави постара фотографија како неговиот татко Михаел го држи малиот Мик во раце.

- Оглас -

Најнови вести