Микел Хансен се ожени, на венчавката дојде со патики и со син му во раце!

Славниот ракометар на ПСЖ, Микел Хансен, кој со данската репрезентација има освоено Олимписки игри, Светско првенство и Европско првенство, паузата ја искористи во време на пандемија на корона-вирус да стапи во брак и да ја официјализира врската. Хансен и Стефани Гунделах имаат и едно дете, синот Еди Макс, кој се роди во јануари 2019 година, па така и малиот имаше можност да присуствува на венчавката на своите родители.

Она што предизвика најмногу коментари е дека најдобриот ракометар на светот за 2019 година на церемонијата се појави во обични спортски патики. Жена му Стефани е стилистка, една од нејзините клиентки е и најпознатата старлета Ким Кардашјан. Затоа, големо прашање е дали таа му се мешала на ракометарот околу стајлингот бидејќи тешко дека го советувала да облече патики и кошулата да му виси врз панталоните.

- Оглас -

Најнови вести