Залаегершег приреди сензација со победа од 3:1 на пријателски меч против првакот на Италија, Милан, а начинот на кој унгарскиот тим успеа да победи е за почит.
Со три гола за помалку од половина час, тимот за кој до неодамна играше македонскиот репрезентативец Никола Серафимов го фати на спиење италијанскиот гигант.
Првите два гола за домаќинот на „ЗТЕ“ арена ги постигнаа Убочиома во втората минута и Мосчи во 24. минута, а потоа следеше еврогол на Тојти.
Одбраната на италијанскито првак заспа, а Тојти си направи простор и упати топ удар што заврши во аголот зад грбот на Татарашану.
Голот на Тојти во 27. минута за 3:0 можете да го погледнете ОВДЕ.
Во 30. минута Жиру од пенал намали на 3:1, а Росонерите постигнаа уште еден гол во финишот на мечот, но недоволно да се избегне пораз на вториот пријателски меч летово,
Стрелец на погодокот во 87. минута беше Круниќ.