Милан до 87-та минута водеше со два гола и имаше игра против Рома, но на крајот остана без победа (Видео)

Фудбалерите на Рома со голот на Тами Абрахам во третата минута од судиското продолжение ги шокираа Росонерите и се спасија од пораз играјќи 2:2 во дерби пресметката од 17-то коло во Серија А.

Росонерите имаа водство од 2:0 и беа подобар тим на „Сан Сиро“,  но на крајот не успеаја да ги освојат трите бода. Милан поведе со голот на Калулу во 30-та минута.

https://twitter.com/i/status/1612185249403863040

Во второто полувреме, гостите тргнаа поофанизивно, но првиот гол повторно го постигнаа Росонерите. Во 77-та минута, по една одлична контра, Томазо Побега зголеми на 2:0.

https://twitter.com/i/status/1612199300116643841

Но, во последните моменти, гостите успеаја да се спасат од пораз. Прво Ибањез во 87-та минута намали на 2:1.

Конечниот резултат го постави Тами Абрахам во третата минута од судиското продолжение.

 

- Оглас -

Најнови вести