Резултатите од вечерашните натпревари во Лигата на шампионите донесоа таков расплет во најинтересната група што Борусија Дортмунд оди во осминафинале како прва, ПСЖ како втор, а Милан оди во Лигата на Европа, додека Њукасл се простува од европските мечеви за оваа сезона.
Милан со пресврт го победи Њукасл со 2-1, а ПСЖ ремизира 1-1 во Дортмунд, па Светците се втори поради подобриот скор во меѓусебните дуели. ПСЖ ќе има тежок ривал во осминафиналето, математиките велат дека најголеми се шансите да се паднат со Манчестер сити или Баерн Минхен, а и Арсенал и шпанските тимови освен Реал Сосиедад, не се поволна варијанта за Мбапе и друштвото.
Ова е голот на Чуквуезе, кој го елиминира Њукасл и го однесе Милан во Лигата на Европа:
https://twitter.com/i/status/1735053803932578290