Милан го комплетираше чудото во Серија А: Сите три меча завршија „два во кец“, вкупната квота беше 36.000!

Милан со 3:2 славеше на „Сан Сиро“ против Верона и со тоа комплетираше еден неверојатен ден во Серија А. Сите три меча кои денеска се играа во италијанското првенство завршија на ист начин, со пресврти во второто полувреме и тоа „два во кец“.

Гостите беа во предност на сите три меча, а на крајот домаќините победуваа. Ако имаше јунак кој решил да ги одигра сите три меча, вкупниот коефициент изнесува 36.000, што значи дека со само 20 вложени денари ќе има добивка од неверојатни 720.000 денари!

Салернитата водеше со 1:0 на полувреме против Специја, а потоа домаќините со два погодоци во вториот дел стигнаа до победа, за добитна квота од 36. Потоа следуваше дербито Лацио – Интер, а Нераѕурите по првите 45 минути имаа предност од 1:0. Лацио во второто полувреме даде три гола за целосен пресврт од коефициент 40.

Шоуто на пресврти го комплетираше Милан. Верона во првото полувреме водеше со 3:2, но Росонерите не се предадоа и со три гола во вторите 45 минути стигнаа до триумф. Овој пресврт вредеше 25 коефициент.

 

- Оглас -

Најнови вести