Милан го смени тренерот само по 111 дена, но далеку е од рекордот на Интер

Марко Џампаоло издржа само 111 денови на клупата на Милан пред да биде сменет. Тоа е неславен рекорд во историјата на клубот кој постои 120 години. Никогаш не се случило еден тренер за толку кратко време да добие отказ од Росонерите.

Џампаоло беше промовиран на чело на тимот од „Сан Сиро“ на 19 јуни, а сменет е вчера. Издржа само седум кола во Серија А, а интересно е што отказот го доби по победата на гостувањето кај Џенова.

Интересно е што Џампаоло не е тренерот кој остана најкратко на легендарниот стадион во Милано. Тој рекорд е во сопственост на градскиот ривал Интер. Во 2016 година, Франк де Бур беше назначен за стратег на Нераѕурите, но само по 84 дена, Холанѓанецот доби отказ од Интер, што е рекорд кога се во прашање споредбите на двата тима од Милано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести