Марио Манџукиќ иако е во залезот на кариерата, се очекува да направи уште еден голем трансфер со кој би се вратил во Европа. Искусниот хрватски напаѓач во зимскиот преоден рок го напушти Јувентус и се пресели во Катар, во редовите на Ал-Духаил, но на таа кратка авантура ѝ се наближува крајот.
Имено, Милан ќе се обиде да го врати Манџукиќ во Серија А штом се отвори фудбалскиот пазар во Италија (1 септември). За Росонерите ова ќе биде втор обид да го ангажираат одличниот голгетер откако потфрлија во таа мисија во јануари. Сепак, на седумкратниот европски првак нема да му биде лесно бидејќи за Манџукиќ има интерес од Турција, поточно Фенербахче и Галатасарај исто така го посакуваат во своите редови.