Милан губи уште еден играч од кого нема да добие ниту едно евро обесштетување

Џанлуиџи Донарума и Хакан Чалханоглу минатото лето заминаа од Милан како слободни играчи, а тимот не доби ниту едно евро од тие трансфери.

Според пишувањата на италијанските медиуми, пред такво нешто е и Франк Кеси, којшто на лето ќе биде слободен играч, а тој веќе е во преговори со Барселона. Каталонскиот гигант му нуди четиригодишен договор на играчот од средината на теренот, којшто беше незаменлив во последните години.

Кеси во Барса ќе зема околу 6,5 милиони евра по сезона, што е далеку над примањата во Милан, каде што за три години одигра 92 натпревари и постигна 22 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести