Златан Ибрахимовиќ официјално ја продолжи соработката со Милан до јуни 2021 година, потврди клубот на својата официјална веб-страница. Шведскиот голгетер ќе игра уште една сезона во дресот на Росонерите откако се врати на „Сан Сиро“ во јануарскиот преоден рок.
„Милан и официјално ја обнови соработката со Златан Ибрахимовиќ на уште една сезона. Новиот договор ќе го задржи Златан во нашите редови до јуни 2021 година“, пишува во соопштението на седумкратниот европски првак.
Ибрахимовиќ на свои 38 години се врати во Милан во јануари годинава и му помогна на тимот да оствари пласман во Лигата на Европа, постигнувајќи 11 гола на 20 првенствени меча во Калчото. Се претпоставуваше дека Златан ќе го носи бројот 9, меѓутоа за него е резервиран бројот 11.