Милан има недостижна предност и може да ја слави титулата во Серија А

Екипата на Милан со голема сигурност ќе биде новиот првак на Италија, откако на полувремето против Сасуоло има предност од 3:0.

На „црвено-црните“ доволен им е и нерешен резултат, а тешко за верување е дека Сасуоло во вториот дел ќе даде четири погодоци.

Оливие Жиру со два погодоци (17′ и 32′) како и со голот на Франк Кеси, гостите имаат огромна предност, а нивните навивачи можат да започнат со славјето.

Интер, пак на „Џузепе Меаца“ игра 0:0 против Сампдорија по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести