Новиот тренер на вицешампионот на Италија, Милан, на располагање ќе има 100 милиони евра за нови фудбалери летово. Оваа сума може да биде и поголема, но само ако „црвено-црните“ успеат да продадат некој од своите фудбалери.
Италијанските медиуми веќе откриваат дека двајца фудбалери се на радарот на Милан, а се работи за дефанзивниот играч за врска на Монако, Јусуф Фофана, и напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзе.
Вредноста на Мароканецот од Монако во моментов е 25 милиони евра, додека хит-напаѓачот на Болоња ќе го чини Милан 40 милиони евра. Од планираните 100 милиони евра ќе им останат уште 35 милиони, сума со која може да се ангажираат уште еден до двајца фудбалери.