Во Африка тренд е да се игра од 0-1 гол, Милан има зицер за прво место во Серија А и нема да го промаши

5151 Буркина Фасо – Етиопија (АФКОН, 17 часот)

Буркина Фасо е за нијанса подобра репрезентација од Етиопија, но на големите натпреварувања каков што е Африканскиот куп на нациите нема изразити фаворити.

Со победа Буркина Фасо ќе обезбеди пласман понатаму, но во А групата може да има и интересна ситуација ако Етиопија победи со 1:0, а Зеленортските Острови да загубат од Камерун.

Во тој случај, домаќинот на шампионатот, Камерун, би заминал во втората фаза со максимален учинок, а сите три останати селекции би имале ист меѓусебен биланс од по три бода и гол-разлика 1:1 во меѓусебните дуели.

Тогаш би одлучувала вкупната гол-разлика, што е важна и за третото место, кое може да значи пласман понатаму бидејќи од вкупно шест групи на АФКОН, четирите најдобри третопласирани селекции ќе го продолжат настапот на шампионатот.

Мечот е исклучително важен за двете селекции, а тренд во првата фаза се малкуте голови, па ќе типуваме на 0-1 погодок.

Предлог тип: 0-1 гол (2.40)

 

5726 Зеленортски Острови – Камерун (АФКОН, 17 часот)

Камерун со две победи веќе е во вториот круг на турнирот на најдобрите афикански селекции, чиј домаќин е тој.

Зеленортските Острови, или Кејп Верде, веројатно можат и со реми да одат понатаму, или дури и да загубат, да се надеваат на пораз на Буркина Фасо од Етиопија.

Трката за второто и третото место во А групата е интересна, па има многу калкулации.

Камерун ќе игра релаксирано, за разлика од ривалот, кој ќе се обиде да се одбрани во дуелот, се еден од главните фаворити на шампионатот.

Зеленортските Острови се цврста репрезентација, а го победија Камерун во квалификациите со 3:1 на домашен терен и на последното гостување во Јаунде пред две години ремизираа без голови против истата селекција.

Предлог тип: 0-1 гол (2.55)

 

3008 Милан – Специја (Серија А, Италија, 18.30 часот)

Милан има шанса со победа против Специја да биде лидер во Серија А, пред Интер, иако тоа ќе биде со меч повеќе за Росонерите.

Домаќините имаа многу проблеми со ковид-19, со повреди на играчите, а најмногу поради Африканскиот куп на нациите.

На шампионатот што се игра во Камерун заминаа Кеси, Бенасер и Бало-Туре, повредени се Кјаер и Томори, жолти картони има Тонали, а со ковид се бори Ромањоли.

Специја има многу помали проблеми, но е голем аутсајдер на „Сан Сиро“ и типуваме дека ќе загуби и дека ќе прими најмалку два гола.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (1.51)

 

3009 Болоња – Наполи (Серија А, Италија, 18.30 часот)

Болоња падна во формата и има четири порази во Калчото на последните пет меча.

И Наполи не е во топ-форма, а особено ги боли петардата што ја примија од Фироентина пред четири дена при елиминацијата во Копа Италија.

Проблем за Наполитанците е повредата на Осимен, иако Петања сосема солидно го заменува.

Добро за Елиф Елмас и соиграчите е што ѝ гостуваат на Болоња во за нив веројатно и најдобар момент.

Синиша Михајловиќ има огромни главоболки како да состави тим што може да му парира на фаворитот.

Кај Болоња нема да играат дури десетмина фудбалери, а Бароу, Медел, Сантандер, Шаутен, Мбаје… се важни карики во тимот.

Ова е шанса за Наполи третпат по ред да замине од „Ренато дал Ара“ без пораз.

Предлог тип: Х2&2+ (1.60)

 

3010 Фиорентина – Џенова (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Во Џенова се случува распад-систем по отказот за Андриј Шевченко, а смените на тренерите, што се чести во последно време кај најстариот италијански клуб, оставија трага.

Патем, клубот за којшто игра Горан Пандев има и многу проблеми за гостувањето во Фиренца и нема да настапат тројца играчи, а уште петмина се неизвесни.

На Фиорентина ќе ѝ фали Амрабат, кој игра за Мароко на АФКОН, но домаќините имаат квалитетен ростер и можат да ја продолжат серијата од четири меча без пораз во меѓусебните дуели со Џенова.

Предлог тип: 1&T1 (1.68)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести