Милан имаше милост за Калјари во второто полувреме, Рома ја декласира Салернитана

Милан имаше милост за Калјари и по предноста од 4:1 по првото полувреме „намали“ гас во вториот дел, па остана резултатот од првите 45 минути.

Сандро Тонали со прекрасен гол од слободен удар во 12-тата минута ја најави новата победа на Росонерите, а потоа стрелци беа и Брахим Дијас и двапати Оливие Жиру. Почесниот погодок за Калјари го постигна Дејола.

Во уште еден ефикасен меч, но со сосема поинаков тек, Рома ја победи Салернитана со 4:0 на гостински терен. Римската Волчица се разигра во второто полувреме и со четири гола ги декласира домаќините, кои направија камбек сезонава во Серија А.

Лоренцо Пелегрини постигна два гола за тимот што го предводи Жозе Мурињо, а по еднаш стрелци беа Верету и Абрахам.

Милан и Рома имаат одличен старт во новата сезона во Калчото и се во водечката петорка со по шест бода, заедно со актуелниот првак Интер и со Лацио и Наполи.

- Оглас -

Најнови вести