Тонали е миланскиот Меси, постигна еврогол од слободен удар (Видео)

Сандро Тонали го постигна првиот свој гол за Милан и тоа го стори на прекрасен начин, со фантастичен шут од слободен удар. Играчот кој има смао 21 година од тешка позиција, откосо, со еврогол ја затресе мрежата на голманот на Калјари во 12-тата минута.

Во ефикасното прво полувреме на „Сан Сиро“ и Алесандро Деиола го постигна деби голот во дресот на Калјари во Серија А, само три минути подоцна.

Милан ја врати предноста само 120 секунди подоцна со голот на Брахим Дијас.

Прв гол во дресот на италијанскиот гигант постигна и Оливие Жиру. Францускиот ас кој летово дојде од Челзи беше прецизен во 24. минута, а потоа во финишот на првото полувреме постигна уште еден за убедливи 4:1 за Милан по првото полувреме.

 

- Оглас -

Најнови вести