Екипата на Милан забележа убедлива победа од 5-1 над веќе испадната Сампдорија и ги задржа шансите за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Полуфиналистот од овогодинешната Лига на шампиони е дел од екипите кои водат голема борба за пласман во најквалитетното клупско првенство во светот.
Оливие Жиру постигна хет-трик, додека по еднаш прецизно во мрежата на Сампдорија стрелаа Леаоа и Диас. Единствениот погодок за гостите беше дело на Кваљарела.
Милан со оваа победа се искачи на петтата позиција на табелата со 64 поени, и има поен помалку од четвртопласираниот Лацио и два помалку од градскиот ривал Интер, но овие две екипи своите натпревари од 36-тото коло на Серија А ќе ги одиграат утре.