Милан конечно го договори ангажманот на европскиот првак

Милан и Челзи се договорија околу трансферот на Оливие Жиру, за кого Росонерите ќе платат два милиони евра. Половина од сумата Сините ќе ја добијат во бонуси, а двата клуба треба да се договорат дали бонусот ќе биде во настапи или пак зависно од тоа дали Милан повторно ќе се пласира во Лигата на шампионите.

Жиру во меѓувреме прифатил двегодишен договор со седумкратниот европски првак, па наскоро треба да пристигне на „Сан Сиро“. Инаку, искусниот француски голгетер претходно летово ја обнови соработката со Челзи на уште една сезона, но нема да го одработи до крај.

Жиру ќе биде второ засилување на Милан кое доаѓа од редовите на актуелниот европски шампион, откако Росонерите претходно го купија дефанзивецот Фикајо Томори, кој минатата полусезона играше како позајмен играч во црвено-црниот дрес.

- Оглас -

Најнови вести