Милан не застанува во обновата – И Тодибо се согласи да ги засили росонерите

Еден од најталентираните млади играчи во Европа, Жан-Клер Тодибо се согласи да се пресели во Милано, во редовите на италијанскиот гигант Милан, па останува само формалност и договор со Барселона за да пристигне на „Сан Сиро“.

Тодибо дојде во Барселона од Тулуз, но не добива посериозна шанса да игра за Каталонците, па сака да се пресели во клуб што ќе му понуди многу поголема минутажа.

Тој е еден од најталентираните дефанзивци во Европа. Може да игра и како стопер, но и како последен играч за врска.

Милан веќе го ангажира Златан Ибрахимовиќ во зимскиот преоден рок, а сега е при крај и трансферот на Тодибо во обидот на 18-кратниот италијански шампион да се врати на патеките на успехот.

Последната титула во Италија, Милан ја освои во 2010/11, а има и 7 шампионски круни во Лигата на шампионите, последната освоена во сезоната 2006/07.

 

- Оглас -

Најнови вести