Милан останува без првиот голгетер, ќе прави трансфер во САД

Искусниот француски голгетер Оливие Жиру на крајот од сезоната ќе си замине од Милан и ќе потпише за тимот на Лос Анџелес галакси во САД. Оваа вест ја потврди гуруто за трансфери, Фабрицио Романо.

Иако во септември ќе полни 38 години, Жиру сезонава игра одлично и е најдобар голгетер во тимот на Милан и во Серија А даде 12 погодоци, а има и осум асистенции.

Безмалку две децении трае кариерата на Жиру. Започна во Гренобл, потоа играше во Истрес, Турс и Монпелје, па во 2012 година направи трансфер во Арсенал. Пет и пол сезони помина меѓу Топчиите, а потоа се пресели во синиот дел од Лондон, потпишувајќи за Челзи. На „Стемфорд бриџ“ остана до 2021 година, а потоа потпиша за Милан, каде што во неполни три сезони досега постигна вкупно 46 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести