Милан падна на финта, па ги здрма Флокари со страшен гол (Видео)

Милан неочекувано има негатива од 2:0 на гостувањето кај СПАЛ, а играчите на италијанскиот гигант реагираа лошо во првото полувреме и примија два гола од аутсајдерот и двата многу интересни.

Во 13-тата минута домаќините бараа пенал, но ја продолжија акцијата, а одбраната на Милан си заспа очекувајќи прекин и прими гол. Стрелец за СПАЛ беше Матија Валоти.

Голот на Валоти погледнете го ОВДЕ.

Потоа се случи најубавиот момент во првото полувреме, а повторно несериозно реагираа гостинските играчи. Го оставија сам Флокари, иако околу него имаше дури пет играчи на Милан, а фудбалерот на домаќините со цела сила удри по топката и постигна еврогол од 30-тина метри. Фудбалот во интересен лак се спушти зад грбот на голманот Донарума за предност на СПАЛ од 2:0.

- Оглас -

Најнови вести