Милан промашуваше зицери, на крајот се тресеше за победа против Салернитана (Видео)

Актуелниот шампион на Италија, Милан, успеа да ја забележи првата победа во првиот меч во Новата година, а иако имаше предност од 2:0 и промаши многу шанси, на крајот стравуваше за бодовите.

Росонерите беа доминантни на теренот повеќе од 80 минути и со головите на Рафаел Леао и на Сандро Тонали во 10-тата и во 15-тата минута имаа сигурна предност од 2:0 во Салерно.

Потоа им беше поништен голот на Брахим Дијас поради офсајд, а Салернитана постигна гол за 1:2 преку Бонацоли во 83-тата минута како најава за возбудлив финиш.

Сепак, Милан успеа да ја задржи предноста иако извонредниот дебитант кај Салернитана, Гилјермо Очоа, бранеше одлично.

Во вториот меч што се играше денеска од 12.30 часот, и Сампдорија славеше со 2:1 на гости против Сасуоло.

Денеска се играат уште 8 меча од 16-тото коло во Калчото, прво во 2023 година.

- Оглас -

Најнови вести