Три децении во Италија немало голман како Очоа

Гилјермо Очоа дебитира за Салернитана против Милан на мечот што е во тек, а се игра во рамките на 16-тото коло во Серија А и е голман каков што немало во последните три децении.

Репрезентативецот на Мексико потпиша 6-месечен договор со клубот од Салерно во овој преоден рок и веднаш доби шанса да дебитира денеска.

Така стана првиот голман од Средна и Северна Америка што брани во Серија А по пауза од речиси 30 години.

Од овој регион последен пат имало голман во сезоната 1994/95, па по пауза од речиси три децении, повторно се појави во ликот на Очоа.

Дебито за Салернитана на 37-годишниот мексикански репрезентативец почна одлично, со одбранет зицер на Рафаел Леао, но потоа набрзина прими два гола во десеттата и 15-тата минута. Милан води со 2:0 во Салерно по 65 минути игра.

 

- Оглас -

Најнови вести