Милан сака да купи играч чија вредност за една година падна за 100 милиони евра

Дури и да се доигра сезоната во Серија А, Милан е тим кој најмногу што може да профитира е излез во Лигата на Европа, но и тоа е тешко достижно ако се знае дека за тие позиции ривали му се Наполи, Рома и Аталанта. Росонерите едноставно имаат уште една сезона за заборав, а најмногу што може да направат е да доведат некој фудбалер кој ќе направи разлика од следната сезона.

Веќе втора сезона Милан се интересира за доведување на Флорентино Луис од Бенфика. Португалскиот играч за врска лани беше недостижен за Росонерите ако се знае дека неговата цена изнесуваше 120 милиони евра. Сепак, сега ситуацијата е променета и тоа е во корист на Милан.

Флорентино сезонава не е стандарден во Бенфика, одигра само седум меча во првенството и според проценката на „Трансфермаркет“, неговата цена сега изнесува околу 18 милиони евра. Тоа значи дека само за една година вредноста на Флорентино е намалена за повеќе од 100 милиони евра и сега е многу поголема шансата тој да заврши на „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести