Милан се спаси од пораз во Лече, Росонерите останаа без Леао и Жиру (Видео)

Лече го изненади Милан со 2-2 во возбудлив дуел од Серија А на кој гостите од Милано по првото полувреме водеа со 2-0, но на крај мораа да се задоволат само со еден бод, бидејќи можеа да останат и без него.

После само 10 минути игра, се повреди Рафаел Леао и мораше да биде заменет. Овој почетен шок Милан го преброди со два гола и имаа целосна контрола.

Но во средина на второто полувреме сликата се смени, Лече за неколку минути даде два гола и се осоколи да тргне и по победа.

Пиколи во 94-та минута даде гол за 3-2, но погодокот беше поништен. Оливие Жиру приговараше, па доби два жолти картони и предвреме беше испратен во соблекувална.

Ова е голот на Лече за 2-2:

https://twitter.com/i/status/1723363080204083570

- Оглас -

Најнови вести