Милан успеа да го добие дербито против Наполи на „Сан Сиро“ со 2-1 и му го нанесе првиот пораз оваа сезона во Серија А на актуелниот шампион Наполи. Елиф Елмас ги одигра последните триесетина минути за тимот на Антонио Конте, но Наполи не успеа да стигне до реми.
Милан почна фуриозно и поведе уште во третата минута со голот на Салемакерс, а Кристијан Пулишиќ ја удвои предноста во 31-та минута.
Домаќинот остана со фудбалер помалку од 57-та минута поради исклучувањето на Еступињан и тука Наполи ја виде својата шанса.
Кевин де Бројне намали од пенал во 60-тата минута, Наполи притискаше до крајот на мечот, но не успеа да стигне до израмнување.