Милан со Ибрахимовиќ гази сѐ пред себе, Торино ќе губи на „Сан Сиро“

Астон вила – Лестер (20:45 ч.)

Меч кој треба да го даде првиот финалист во Лига купот на Англија. Првата средба заврши 1:1, што значи дека и сега се очекува голема борба и неизвесност. На хартија, гостите се фаворити, но Астон вила покажа дека знае да направи проблем, а и кога се работи за влез во финале, мотивите се посебно големи.

Пред помалку од два месеца, Лестер на овој стадион во Бирмингам победи со убедливи 4:1. Последните пет меѓусебни дуели се гол-гол и ќе ја следиме традицијата.

Предлог тип: ГГ (1.63)

 

Милан – Торино (20:45 ч.)

По доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ, Милан како да стана друг тим. Росонерите со Златан во составот имаат четири победи во низа, а во 2020 година плус имаат само уште едно реми и ниту еден пораз. Ибрахимовиќ ја донесе потребната самодоверба, се врати победничкиот менталитет на „Сан Сиро“.

Дури и одбраната стана многу подобра, па во овие пет средби со Златан на теренот, Милан само на еден меч прими голови. Торино во Милано доаѓа со разнишана самодоверба по поразот на свој терен од 0:7 против Аталанта.

Фактот дека ова е меч за влез во полуфиналето од Купот и е чекор плус кон освојување на трофеј, е дополнителен мотив за Милан да ги израдува своите навивачи.

Предлог тип: 1 (1.90 – Супер тип на Sport Life)

 

Порто – Жил Висенте (21:15 ч.)

Порто речиси ја загуби битката за титулата, а една од причините што има 10 бода помалку од лидерот Бенфика е тоа што есеноска загуби на гости кај Жил Висенте. На свој терен Порто има седум победи во осум дуели и само два примени гола, што потврдува дека е голем фаворит.

Пред да загуби во последниот меч, Порто имаше осум победи по ред против овој ривал најмалку со два дадени гола.

Предлог тип: 1-1 2+ (2.00)

 

Лидс – Милвол (20:45 ч.)

Тимот на Езѓан Алиоски е решен сезонава да се избори за влез во Премиер лигата, а за да го оствари тоа, мора барем да ја заврши актуелната втора позиција на табелата. Лидс има проблеми во дуелите со Милвол, а овој меч доаѓа во лошо време за нив затоа што екипата е во низа од три порази.

Последните четири меѓусебни дуели завршиле ГГ (двата тима постигнале погодок), па и сега може да се очекува дуел со голови, а секако фаворитската улога е за домаќинот.

Предлог тип: 1-3 I&1-3 II (1.96)

 

Блекбурн – КПР (20:45 ч.)

Дуел на две екипи кои според квалитетот се во средината на табелата. Блекбурн е солиден на свој терен и во 14 меча има само два порази, а КПР не е ривал кој би имал сили да се врати со три бода од ова гостување. Во есенскиот дел КПР победи со 4:2 и на тој начин ја прекина низата од 15 меча без триумф над овој ривал.

Традицијата вели дека најчесто паѓаат барем два гола, а фактот дека КПР на 28 меча сезонава даде и прими вкупно 97 голови, е гаранција за тресење на мрежите.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.00)

 

- Оглас -

Најнови вести