Фудбалскиот клуб на Пелистер од денеска и официјално има нов тренер откако Милан Стојановски ја доби довербата да биде нов шеф на стручниот штаб во зелено-белиот табор.
Поради слабите резултати, битолчани се разделија со Димитар Капиновски, а во некогашниот македонски репрезентативец Стојановски се најде решението за враќање на Пелистер на победнички патеки.
Стојановски, кој има 26 настапи во репрезентативниот дрес на Македонија, како тренер има работено во Телеоптик и ИМТ.

