Милан тешко се аклиматизира во Саудиска Арабија, Интер веќе му даде два гола во првото полувреме (Видео)

Интер води со 2:0 против Милан по првото полувреме во Суперкупот на Италија што вечерва од 20 часот се игра на „Кинг Фахд“ стадионот во Таиф, Саудиска Арабија.

Бранителот на трофејот многу подобро се снајде во специфичните услови во Саудиска Арабија и набрзина од десеттата до 21-та минута поведе со 2:0.

Николо Барела за влакно избегна офсајд во 10-та минута и го проигра Федерико Димарко за 1:0.

Интер одигра прекрасна акција и во 21-та минута, Џеко мајсторски си ослободи простор во шеснаесетникот на Милан и погоди за 2:0.

Интер го брани пехарот во Суперкупот, а ако успее ќе се израмни со Милан на второто место со по 7 трофеи.

Рекордер е Јувентус со 9 титули.

 

 

- Оглас -

Најнови вести