Милан тргна шампионски, победи во првата контролка и освои трофеј (Видео)

Милан започна со триумф во првата контролна средба како подготовка за новата сезона. Италијанскиот првак со 2:1 го победи германскиот Келн и го освои трофејот „Телеком Куп“.

Росонерите беа без неколку стандардни првотимци, но тоа не беше проблем да не победат. Оливие Жиру со два прекрасни погодоци донесе радост на италијанскиот првак. Првиот погодок беше по одличната асистенција на Анте Ребиќ во 16 минута, по одличната полуконтра на гостите.

https://twitter.com/i/status/1548356835630927872

На сличен напад Милан го постигна и вториот погодок. Фудбалерите на Келн загубија една топка додека беа во напад, а Росонерите направија одлична трансформација во нападот, а Житу потврди дека е одличен финишер за водство од 2:0.

Келн даде почесен погодок во 86 минута, но тоа не беше доволно да се спаси од пораз, па на крајот играчите на Милан се радуваа на трофејот.

 

- Оглас -

Најнови вести