15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Милан цело второ полувреме против Јувентус ќе игра со играч помалку

Првото полувреме во големото дерби кое се игра во рамки на деветтото коло во Серија А меѓу Милан и Јувентус заврши без голови, но целото второ полувреме Росонерите ќе го играат со играч помалку по исклучувањето на Малик Тиав откако како последен играч во одбраната, го фаулираше Кин.

https://twitter.com/i/status/1716174913919201337

Росонерите во дербито влегоа со серија од четири победи по ред во Серија А, додека Јувентус не прими гол на последните три меча.

Во првото полувреме подобри беа играчите на Милан имаа поголем посед на топката (64%-36%) и повеќе корнери (4-1), но не успеаја да го совладаат голманот на Јувентус, Војчех Шчесни.

Најдобрата шанса ја имаше Оливие Жиру во 16-та минута, но неговиот удар со глава го одбрани Шчесни.

Јувентус првпат се закани во 23-та минута кога Костиќ шутираше од работ на шеснаесетникот, но топката помина покрај десната статива, а во 43-та минута Моисе Кин исто така шутираше покрај голот на Миранте.

- Оглас -

Најнови вести