Милан во своите редови има неверојатен талент кој најавува дека ќе ги урне сите рекорди (ФОТО)

Ако се развива како што треба, тогаш Франческо Камарда ќе биде можеби и најголемата фудбалска ѕвезда во иднина.

Иако во моментов има 13 годни и настапува за екипата на Милан, овој талент е гол-машина и има неверојатни бројки зад своето име.

Во последните три сезони за младинскиот тим на „Росоњерите“ има одиграно 87 натпревари, а постигнато неверојатно 483 погодоци. Во просек тоа ќе му дојде 5,5 погодоци по меч. Само во оваа натпреварувачка година, во Серија А за деца до 14 години има 64 погодоци, и тоа на 16 натпревари.

Доколку продолжи со ваквите неверојатни настапи, со сигурност за две-три години можеме и да го очекуваме во првиот тим на Милан, каде што ако продолжи да ги тресе мрежите во ваков сличен ритам, дефинитнво ќе биде еден од најдбрите светски фудбалери.

 

- Оглас -

Најнови вести