Милан ја оствари 16-тата победа во Серија А оваа сезона откако славеше на гости против Џенова со 1-2. Росонерите направија пресврт и само за две минути постигнаа два гола за триумф.
Рафаел Леао во 76-тата минута донесе израмнување, а само една минута подоцна Мортен Френдруп си постигна автогол и ѝ пресуди на Џенова.
Домаќинот поведе во 61-вата минута со голот на Витиња, но тоа не беше доволно за позитивен резултат.