Милан за мечот на сезоната доби судија со кого 12 години немаат победа на „Сан Сиро“

Доколку оствари две победи во последните две кола, екипата на Милан ќе дојде до долгоочекуваната титула во Серија А.

Великанот од Милано во недела на свој терен ќе ја дочека Аталанта, каде што главен судија ќе биде Даниеле Орсато.

Кога Милан игра пред своите навивачи, а на теренот правдата ја дели овој арбитер, тоа не е добар знак за суеверните фанови, бидејќи немаат победа цели 12 години.

Последната дојде во јануари сега веќе далечната 2010, кога ја победија Џенова со 5:2. Вреди да се напомене дека Милан нема победа над Аталанта на домашен терен цели осум години, традиција којашто се надеваат дека токму во недела ќе биде прекината.

Постои и теоретска шанса уште по оваа рунда Миланезите да се радуваат на титулата, а таа е победа над Аталанта и кикс на Интер на гостувањето кај Калјари, но најверојатно титулата ќе се одлучува во последното коло.

- Оглас -

Најнови вести