Милан за три дена даде дури 10 гола во Торино

Победите од 3-0 против Јувентус и синоќешните огромни 7-0 против Торино, и тоа во рок од само три дена покажаа дека на Милан му „легнаа“ гостувањата во Торино. Ако многумина зачуди убедливата победа над Јуве на 9 мај, исто толку шокантно делуваше и „седумката“ против Биковите само три дена по триумфот над Старата дама.

Безмилосното газење на противниците од Торино беше инспирација за фанови на Милан да објавуваат интересни клипови и фотографии на социјалните мрежи. Милан 29 години немаше дадено седум гола на еден гостински меч во Серија А, од 1955 година немаше победа со седум гола разлика и тоа само го зголеми задоволството кај нив, откако претходно го надиграа Јувентус со кого се тркаат за место во Лигата на шампионите.

Во последните две кола, Аталанта, Милан, Наполи и Јувентус се борат за места во ЛШ. Од овие четири тима, ќе извиси само еден, а во моментов Јуве е во најлоша ситуација бидејќи има еден бод помалку од Наполи и три од Аталанта и Милан.

- Оглас -

Најнови вести