16.8 C
Skopje
недела, 5 октомври 2025

Миленковски: Македонија доби убедливо најтешка група!

Машкиот национален тим по четврти пат во низа ќе игра на Европско првенство. Синоќа беше направена ждрепката во италијанскиот Бари, а Македонија доби тешки ривали. Покрај домаќинот Бугарија, ќе играме и против Полска, Украина, Португалија и Израел.

Нималку лесно друштво, но селекторот Јошко Миленкоски смета дека мора да веруваме во нашиот квалитет.

„Сите групи се тешки, но нашата е убедливо најтешка! Сите репрезентации имаа одлични резултати на последното СП, додека Израел финишираше како трет во Златната Европска лига. Скоро сите противници завршија со смена на генерации и сега бркаат резултат. Многу сериозна работа ја чека нашата репрезентација. Првиот впечаток е дека ќе биде многу тешко да се повтори успехот од претходното Европско првенство, пласман во следната рунда, но од друга страна мора оптимистички да се гледа и да се верува во својот квалитет. Ова го велам затоа што имаме многу квалитетен состав, кој веќе по четвртипат во низа ќе учествува на една ваква манифестација. Верувам дека нашите играчи како и секогаш ќе ги потврдат своите вредности и ќе сторат сè, и по којзнае кој пат да ги израдуваат љубителите на спортот и одбојката во Македонија“, вели стратегот на националниот тим.

ЕвроВолеј 2026 ќе се игра во четири земји Италија, Бугарија, Финска и Романија од 9 до 26 септември следната година.

- Оглас -

Најнови вести