Милер нема намера да крене бело знаме: Верувам дека можеме да го елиминираме Манчестер сити

Томас Милер, фудбалерот на Баерн Минхен, смета дека неговиот тим има шанси да го елиминира Манчестер сити во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Граѓаните во првиот меч славеа со 3:0, а реваншот ќе се игра утревечер на „Алијанц арената“ во Минхен.

„Сè уште верувам дека имаме шанси да се пласираме во полуфиналето. Мораме добро да го започнеме натпреварот, можеби да постигнеме барем еден гол во првото полувреме. Не мораме по 10-тина минути игра да водиме со 3:0, но мора да постигнеме барем еден гол во првото полувреме. Ако постигнеме втор гол до 80-тата минута, а не примиме ниту еден, ќе имаме уште 15-тина минути да дадеме и трет гол. Верувам дека сè е можно“, изјави Милер.

Победникот од овој двомеч во полуфиналето од ЛШ ќе игра со подобриот од дуелот Реал Мадрид – Челзи, каде што Кралевите по првиот дел имаат предност од два гола.

- Оглас -

Најнови вести