9.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Милер ќе направи изненадувачки трансфер, а тоа нема биде ниту во МЛС-лигата, ниту во Саудиска Арабија

Томас Милер цели 16 сезони беше дел од првата екипа на Баерн Минхен откако дебитираше во 2009 година, а претходно ги мина и сите младински категории на Баварците. Сепак, дојде време за разделба, па 35-годишниот напаѓач е на крстопат.

Голем број понуди пристигнуваат на адресата на германскиот напаѓач. Најбогати, секако, се оние од Саудиска Арабија, но најголеми шанси имаше МЛС-лигата и екипата на Лос Анџелес.

Сепак, се чини сега во прв план изби екипата на Сиднеј од Австралија. Тие не можат да му понудат богат договор како во САД и Саудиска Арабија, но можат да му понудат промена на животниот стил, а откако му презентирале што му нудат, Милер е заинтересиран за преселба во австралиската А-лига.

Екипите во Австралија може да ангажираат по двајца фудбалери чии плати не влегуваат во пресметката за „салари кап“, па еден од нив во Сиднеј треба да биде токму Томас Милер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести