Милер си оди од Баерн?

Томас Милер не е задоволен со улогата во тимот на Баерн Минхен и размислува да го напушти германскиот првак. Информациите ги пренесе таблоидот „Билд“, кој тврди дека Милер полека го губи трпението со тренерот Нико Ковач и третманот кој го добива.

Во новата сезона Милер сè почесто се наоѓа на клупата за резерви, иако во првите неколку кола беше стартер. Неговата позиција ја презеде Кутињо, кој со секој нареден натпревар добива многу повеќе доверба поради неговите добри настапи. Во изминатите три првенствени меча, Милер бележи минумална минутажа, а тоа се случи и во дуелите од ЛШ против Црвена ѕвезда и Тотенхем. Во лондонската „фешта“ во која Баравците славеа со 7-2 против европскиот вицешампион, Милер остана неискористена замена, по што решил да се пожали на неколку блиски пријатели во тимот, а доколку не се сменат, работите во блиска иднина, тој ќе побара нова средина.

„Ако сме во неволја поради повреди или пак се најдеме во незгодна ситуација за време на натпревар, Томас ќе добие шанса“, е одговорот на Ковач.

Милер е во редовите на Баерн уште од 2000 година. Ги помина сите младински категории, а откако дебитираше во 2008 година, запиша 495 настапи во сите натпреварувањ,а во кои постигна вкупно 186 погодоци. Низ годините Милер беше клучна фигура во освојувањето на осум титули во Бундеслигата, пет во германскиот куп, како и Лигата на шампионите во 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести