Милевски: Англија е меѓу трите најдобри во Европа, ова е меч кој се игра еднаш во кариерата

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, на прес-конференцијата пред утрешниот меч со Англија на „Олд Трафорд“ во Манчестер, рече дека противникот кој ќе го имаме е еден од трите најсилни во Европа, но нема да истакнеме бело знаме.

Во 2006 година, Македонија извлече 0-0 против Англија на „Олд Трафорд“, но Милевски вели дека тој меч не значи многу пред утрешниот дуел.

„Од 2006 година досега се поминати 17 години. Поинаков е фудбалот од тогаш до сега. Македонија има сили и потенцијал, ме радува тоа што сите, па и Велковски и Серафимов тренингот го минаа без проблеми, и сите се спремни за утре. Натпревар како овој го играте еднаш, или можеби никогаш во кариерата. Сакам да го докажеме нашиот квалитет и да уживаме. Треба да уживаме против една од според мене, трите најдобрите селекции во Европа. Играат одличен фудбал како на клупско така и на репрезентативно ниво, ќе ни биде чест што ќе играме со таков ривал“ – изјави селекторот Милевски.

- Оглас -

Најнови вести