Милевски: Факт е дека тие што беа носители во минатото имаат проблем со минутажата во клубовите

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, на прес-конференцијата на која го објави составот за мартовските мечеви со Малта (официјален) и Фарски Острови (пријателски меч), истакна дека целта е триумф против Малта на стартот на квалификациите за Европското првенство.

„Во денешниот фудбал не постојат аутсајдери. Точно дека сме поквалитетни индивидуално и тимски, но тоа мора да го докажеме на терен. Ќе направиме сè што е во наши можности да стартуваме со победа во овие квалификации.

Факт е дека тие што беа носители на играта во минатото имаат проблеми со минутажата во своите екипи. Изборот е тој, Серафимов е повреден, Тодоровски суспендиран, Спировски и Николов поради слаба форма и помала минутажа нема да бидат дел од овој циклус. Давор Здравковски е единствен дебитант“, рече Милевски.

Селекторот најави борба за бодови и против фаворитите Англија, Италија.

„Се наоѓаме во исклучително тешка група. Не треба да се трошат зборови за Италија, Англија, Украина, па дури и Малта, која покажа квалитет на последните мечеви. Сепак, ние и во минатото сме покажале дека може да парираме и на посилни селекции од нас и нема против никого да се предадеме“, најавува селекторот на националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести