Милевски: Фарски острови брзо напредуваат и затоа мора да бидеме максимално фокусирани

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски посакува победа на утрешниот дуел против Фарски Острови, но потенцира дека се работи за опасен ривал, кој посебно во последните неколку мечеви реди добри резултати.

„Целта на секој меч е да победиме, па така ќе биде и за дуелот против Фарски острови. Кој и да излезе на терен треба да го даде максимумот. По направените анализи на играта на Фарски острови, забележително е дека во последните седум-осум меча имаат само еден пораз. Ја победија Турција што само покажува дека сите напредуваат, сите се обидуваат да ги следат модерните теркови во европскиот фудбал. Негуваат цврст, агресивен фудбал со доста снага, но имаат напреднато и во тој техничко-тактички дел па мора да бидеме максимално фокусирани. Секогаш ни е важно да победиме и ќе се обидеме и утре да ги израдуваме нашите навивачи“, вели Милевски во првичната анализа.

Што се однесува до составот со кој ќе настапиме, Милевски откри дека тројца играчи кои беа на располагање за составот против Малта, утре нема да бидат во комбинација.

„Димитриевски, Муслиу, Зајков нема да бидат во состав. Присутен е замор кај дел од фудбалерите, но познавајќи го нивниит карактер знам дека ќе го дадат максимумот и да се израдуваме уште еднаш“, додаде Милевски.

 

- Оглас -

Најнови вести