19.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Милевски: Фаворити има само на хартија, додека сум селектор, никогаш нема да потценам ниеден ривал

Селекторот на македонската репрезентација Благоја Милевски потенцираше дека нашата репрезентација мора да ги освои трите бода на утрешниот меч против Лихтенштајн. Предводникот на Македонија потенцира дека фаворит има само на хартија и затоа никогаш не треба да се потцени противникот.

„Секако дека според ранкингот Македонија е фаворит против Лихтенштајн, но имаме максимален респект кон противникот. Ние сме подготовени да го дадеме максимумот да ги освоиме трите бода кои се најважни во моментов. Фаворити на теренот има само на хартија, а на теренот треба да се потврди тоа. Додека сум предводник на оваа репрезентација, никогаш нема да потценам ниеден ривал. Лихтенштајн има свои амбиции и ние максимално работиме и се подготовуваме. Мечот против Саудиска Арабија беше само подготовка за ова што следува против Лихтенштајн“, рече Милевски на прес конференцијата.

Сите фудбалери се здрави и подготовени. единствено во составот ќе го нема Висар Муслиу кој е суспендиран поради парни жолти картони.

 

- Оглас -

Најнови вести