Милевски: Фаворитот ќе се докаже на терен

Селекторот Благоја Милевски смета дека во утрешната пресметка меѓу Македонија и Бугарија нема фаворит, иако неговиот колега од спротивната страна Јасен Петров ни ја предаде таа улога.

Во пресрет на стартот на новиот циклус во Лигата на нациите, Македонија, односно Милевски посакува успешен почеток на гостувањето во Разград.

„Ние сме во група со изедначени противници и сметам дека нема фаворит. Такво нешто ќе се докажува само на теренот. Се гордеам со момците секогаш кога го даваат својот максимум, се надевам така ќе биде и во овие два натпревари против Бугарија и Гибралтар“, вели селекторот.

Милевски не го интересираат потенцијални провокации од трибините и посакува политиката да не се меша со фудбалот.

„Како спортски работници, не нè интересираат никакви провокации, најмалку политички. Политичките случувања никогаш нема да ни бидат мотив, за овие момци доволна мотивација е самото носење на националниот дрес“, додаде Милевски.

- Оглас -

Најнови вести