Петров пред дуелот со Македонија: Нека победи фудбалот!

Бугарскиот селектор Јасен Петров во пресрет на дуелот против репрезентацијата на Македонија на стартот од новиот циклус во Лигата на нациите, посакува политиката да се тргне настрана и сите да уживаат во најдобрата игра на светот.

„Фудбалот е најдобрата игра на светот. Тоа е спортот кој им носи радост на многу луѓе во светот. На фудбалот гледаме како игра полна со љубов, а не омраза. Не сум политичар и ниту сакам да се користи политика за утрешниот дуел. Пред сè, очекувам фер игра и победа на фудбалот. Го почитуваме противникот, Македонија е фаворит, но се надевам на голема поддршка од трибините бидејќи ни е потребна за добар резултат“, истакна предводникот на Бугарија.

Дуелот Бугарија – Македонија ќе се игра утре во Разград, со почеток во 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести