Милевски: На ЕП 2020 бевме преку Сегментот Д во Лига на нациите

Селекторот Благоја Милевски постојано се жали на тоа дека најголем дел од репрезентативците не се стандардни во своите екипи и дека немаат вистински фудбалски ритам, но сепак постојано потенцира дека верува во пласман на ЕП 2024 година и тоа преку квалификациите.

По синоќешниот пораз од Бугарија, Милевски спореди дека на Европското првенство 2020 година сме се пласирале преку Лигата на нациите, и тоа со играње во најслабиот сегмент, а сега ситуацијата е да се брка ЕП преку квалификации, иако се жали на формата на фудбалерите.

„На ЕП 2020 игравме преку Лигата на нациите во Сегментот Д. Ова се нормални квалификации за ЕП. Да се надеваме дека ќе се наметнат фудбалерите во своите екипи. Некои играчи се со едвај пола полувреме, некои само што најдоа клуб, некои уште немаат клуб. Тоа е реалната и моменталната ситуација. Затоа немам што да им замерам на момците за нивната игра. Натпреварувачката форма не им е ниту приближна од таа што треба да бидат“, рече Милевски на прес-конференцијата по поразот од Бугарија.

- Оглас -

Најнови вести