Милевски има црвен картон, Стојановски ќе диригира од клупата

Селекторот Благоја Милевски на првиот квалификациски дуел против Малта заработи црвен картон во 90-тата минута и нема право да ја води репрезентацијата на дуелот против Украина.

Милевски ќе мора дуелот да го проследи од трибините, а покрај аут-линијата ќе биде неговиот помошник и долгогодишен соработник Роберт Стојановски. Тетовецот кој во фудбалските кругови е познат како Боби Моцо, долги години соработува со Милевски, му беше асистент во сите клубови каде што работеше селекторот, а беше дел и од историскиот успех на репрезентацијата до 21 година.

Ова е вторпат во историјата селекторот на Македонија да има црвен картон и од клупата да „командува“ неговиот асистент. Во 2010 Мирсад Јонуз доби црвен картон на гостувањето против Словачка, па на следниот натпревар против Ерменија на домашен терен репрезентацијата ја водеше неговиот тогашен помошник Влатко Костов.

ФОТО: ФБ страна на Фудбалска Репрезентација на Македонија 

- Оглас -

Најнови вести