Милевски: „Ја почитувам одлуката на Стефан Ристовски, но ми пречи што за тоа дознав од социјалните мрежи“

На репрезентативниот список за дуелите против Италија и Малта, очекувано, го нема капитенот Стефан Ристовски, кој јавно објави дека нема да настапува за репрезентацијата поради несогласувањата кои ги има со селекторот Благоја Милевски.

Од друга страна, селекторот вели дека ја почитува одлуката на Ристовски, но му пречи тоа што за неговата одлука дознал од социјалните мрежи.

„Мојата почит кон Стефан Ристовски и до сите репрезентативци е на највисоко ниво. Јас му ја доделив капитенската лента, што покажува дека го почитувам. Бев во Загреб, разговаравме конструктивно, имавме некои различни гледишта, но тоа не значи дека јас помалку ќе го почитувам. Тоа е негова одлука и ја почитувам, единствено ми пречи што за неговата одлука дознав од социјалните мрежи“, изјави селекторот Благоја Милевски.

На прашањето кој ќе биде капитен против Италија и Малта, селекторот рече:

„Не сум размислувал кој ќе биде новиот капитен, секако, тука како прв заменик му бил Енис Барди…“

- Оглас -

Најнови вести