Милевски: Кога нема да се искористат шансите, поразот е неминовен

Селекторот Благоја Милевски е горд на фудбалерите, но е разочаран од резултатот по дуелот во Прага. Македонија загуби со 2:0 од Украина, а Милевски најразочаран е од конечниот резултат, но не и од играта на неговите избраници.

„Честитки за двете селекции што покажаа на теренот. Мислам дека сите што беа на стадионот уживаа, затоа што двете селекции покажаа дека играат добар фудбал. И по таков примен прв гол успеавме да се вратиме. На почетокот на вториот дел направивме некои системски измени, имавме шанси кои за жал не ги искористивме, а кога нема да се искористат шансите, неминовен е поразот. Секогаш пред мечот имам план А. Ако тој не функционира, имаме план Б, план Ц. Примивме еден несреќен гол, но потоа брзо реагиравме и имавме неколку шанси за погодок. Разочаран сум најмногу од резултатот“, рече Милевски на прес конференцијата веднаш по мечот во Прага.

„Остануваат уште два меча против англија и Италија. Останува да играме фудбал и ќе видиме што ќе ни донесе тоа.“

- Оглас -

Најнови вести