Милевски конечно се разбуди: Ова е тежок шамар за нас

Благоја Милевски конечно се разбуди по тешкиот пораз од Азербејџан со 1:3 и по серијата од пет меча без победа на Македонија и изрази незадоволство од настапот денеска во Скопје.

„Ова е тежок шамар за сите нас. Тргнувам прво од себе и сите заедно треба да се замислиме како се однесуваме кон дресот со национални обележја. Сакам да му честитам на противникот и единствено што можеби е добро што шамарот дојде на пријателски меч. Ни недостасуваа 7 стандардни фудбалери, но и тоа не е оправдување“, изјави Благоја Милевски.

Македонија на двата последни тест натпревари одигра реми со Финска 1:1 пред три дена, а денеска загуби со 1:3.

Квалификациите за ЕП 2024 година ги почнуваме во март идната година со дуелот против Малта на 23. март во Скопје.

Со нас во група се и Англија, Италија и Украина.

- Оглас -

Најнови вести