Фудбалската репрезентација на Македонија утре го игра својот трет натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Противник на нашите фудбалери ќе им биде Белгија, селекција која е прв носител, но и прв фаворит за пласман на Мундијалот.
Сепак, во нашиот табор владее оптимизам, бидејќи Македонија и во минатото покажале дека знае да одигра квалитетно против селекции од европскиот врв.
„Направивме анализа на Белгија. Не треба да се зборува за нивниот квалитет. Години наназад се во европскиот врв. Сепак, Македонија покажала дека и со такви селекции може да одигра на резултат само мора да го даде максимумот. Мораме да го смениме јунскиот менталитет кога во претходните години имавме слаби резултати. Од тоа што го видов во овие седум дека сите се желни за докажување да се постигне добар резултат.“ – рече селекторот, Благоја Милевски.
Селекторот се чини дека знае во што е клучот за добар резултат, а тоа е тимската игра.
„Индивидуалниот квалитет на Белгија е на највисоко ниво и тука е нивната предност, но нашата предност е во тимската игра. Секогаш со тимската игра може да се стигне со позитивен резултат.“ – додава Милевски.